Претходно необјавената песна на Кристин Мекви „Little Darlin’“ конечно ја здогледа светлината на денот.
Песната се прошири на YouTube, а беше објавена во среда, на 12 јули, кога музичарката, која беше членка на групата Fleetwood Mac, требаше да го прослави својот 80-ти роденден.
Според приказната, песната е напишана додека Мекви го снимала својот соло албум „In The Meantime“ во 2004 година, пишува NME.
Слушнете: