ПОКРАЈ тоа што течностите и храната што завршуваат во мијалникот предизвикуваат непријатен мирис, можат да предизвикаат и затнување на одводот.
Затоа е многу важно често да ги плакнете и чистите мијалникот и одводот, а тоа ќе го направите најлесно, најекономично и најбрзо со овие три трикови.
- Сода бикарбона и сол
Наполнете едно тенџере со вода и варете додека не почне да врие. Потоа додадете пет лажици сол и исто толку сода бикарбона, па истурете ја течноста во одводот. Непријатните мириси и бактериите ќе исчезнат, а постапката повторувајте ја еднаш неделно.
- Сода бикарбона и оцет
Во тенџере истурете половина литар вода и додадете еден децилитар оцет. Потоа во отворот на мијалникот ставете околу 100 грама сода бикарбона и потоа прелијте ја со водата и оцетот кои провреле. Ставете крпа над одводот и оставете ја преку ноќ.
- Оцет и сол
Измешајте еден децилитар оцет и три полни лажици сол. Во тенџере истурете два литра вода и оставете да зоврие. Истурете ја течноста што содржи сол и оцет во одводот, а потоа брзо прелијте со топлата вода.