Велат дека спиењето на квалитетна перница со пердуви е незаборавно искуство, како и спиењето во хотел со пет ѕвезди.
Перниците со пердуви навистина го прават спиењето луксузно искуство, но понекогаш не сме сигурни како правилно да избереме перница што ќе одговара на нашите потреби и навики за спиење.
Доколку сакате да имате перница исполнета со пердуви на вашиот кревет, дознајте на што да внимавате при купувањето.
Изберете перница според вашата положба за спиење
Ако спиете на стомак, меката перница со помалку пердуви ќе ви овозможи главата и вратот да бидат поблиску до креветот и затоа во поприродна положба. Ако спиете на страна, цврстата перница со повеќе полнење ќе ви ги држи главата и вратот подигнати, усогласувајќи ги со ‘рбетот.
Перницата со средна цврстина е најдобриот избор за луѓето чија положба на спиење често се менува, но и за оние кои обично спијат на грб.
Размислете за цврстината на вашиот кревет
Ако спиете на многу мек кревет, вашето тело ќе потоне во него повеќе отколку вашата глава во перницата. Во овој случај, неопходно е да се купи помека перница, и обратно. Цврстината на вашата перница со пердуви треба да биде во согласност со цврстината на креветот.
Структурата на телото е исто така клучна
Колку ви се тесни или широки рамениците? Одговорот на тоа прашање ќе зависи и од мекоста на перницата што ќе ја изберете, колку пошироки ви се рамениците, толку текстурата на перницата мора да биде поцврста. Ако сте ситни и имате тесни рамења, вашата идеална перница треба да биде мека.
Комбинација од пердуви и полнење
Најдобро е да се одлучите за комбинација од вештачко полнење и пердуви. Ако перницата содржи само вештачко полнење, таа побрзо ќе се израмни и повеќе нема да ви обезбедува квалитетна поддршка. Јадрото на перницата треба да содржи пердуви.
Пердуви од гуска или патка?
Пердувите од гуска се поголеми и посилни од пердувите од патки, па затоа перницата исполнета со нив се смета за поквалитетна. Сепак, и пердувите од патки се добар избор, особено ако ви треба поцврста перница и ако имате проблеми со ноќното потење, бидејќи перницата исполнета со пердуви од патка подобро ќе ја апсорбира влагата.