Есента пристигна, а со неа воздухот станува се повлажен. Во такви услови, сушењето алишта станува предизвик, а многумина од нас бараат начини да го направат тоа внатре во домот, без тоа да не чини скапо, да предизвика влага или да зафаќа премногу простор.
Со поскапувањето на енергенсите, корисниците се повеќе бараат алтернативни начини за сушење алишта, за да ги избегнат трошоците за користење машина за сушење алишта. Сепак, експертите предупредуваат дека еден популарен метод може да биде скап и потенцијално штетен за домот.
Експерти од Which! неодамна издадоа предупредување за сушење алишта на радијатор, дури и ако облеката е ставена на решетка закачена на радијаторот. Тие предупредија дека овој метод може да биде скап и да го оштети вашиот дом.
Според нивното објаснување, радијаторите се користат за одржување на температурата во вашиот дом. Кога ќе го поставите радијаторот на 20 степени Целзиусови, тие ќе работат додека температурата во просторијата не се изедначи со поставената температура, пишува Mirror. Со поставување на ладна и влажна облека на радијаторите, облеката станува бариера помеѓу топлината што ја испуштаат радијаторите и температурата во вашиот дом. Радијаторите потоа ќе работат „прекувремено“ за да ја компензираат загубата на температурата, што ќе резултира со повисоки сметки за греење.
Покрај тоа што е поскап и помалку ефикасен од другите начини на сушење алишта, овој метод може да биде и опасен по вашето здравје и да предизвика пожар. Според експертите, закачување мокра облека преку радијаторот доведува до ширење на влага во просторијата, која ќе остане на ладни површини, како што се ѕидовите.
Таквата висока влажност може да резултира со раст и оштетување од мувла, вклучувајќи дамки и лупење на бојата. Понатаму, може да предизвика здравствени проблеми, особено за ранливите луѓе како што се децата и постарите лица.
Доколку немате друг избор освен да користите радијатори за сушење алишта, експертите советуваат да го држите прозорецот отворен кога е можно, особено ако користите радијатор за сушење алишта во спалната соба. Исто така, никогаш не треба да ја сушите влажната облека на складиште или греалки со конвектор бидејќи тоа може да претставува опасност од пожар.