Погледнете колку вода всушност треба да пиете во текот на денот
Многу луѓе се свесни дека е важно да се пие вода, но често се среќаваме со различни теории и теореми за тоа колку вода всушност треба да консумираме.
Најчеста теорија е онаа за „8 чаши вода дневно“, што за повеќето луѓе звучи невозможно. Меѓутоа, нутриционистката Марија Ѓурковиќ открива што всушност се крие зад таа реченица:
– Сигурна сум дека знаете за познатото правило „8 чаши вода на ден“, но треба да знаете и дека е погрешно.
Кога давам некој совет во врска со исхраната, секогаш нагласувам дека тоа се општи препораки и дека исти количини на храна не можат да бидат идеални за секого.
И сега размислете дека водата сочинува најмалку 60 проценти од телото на возрасен човек и дека на сите живи клетки во нашето тело им е потребна за да функционира правилно.
Човек може да издржи до три недели без храна, но само 4 дена без вода (без изложување на сонце и топлина, максимум 7). Ова ни кажува колку е важна водата – вели нутриционистката и додава:
– На прашањата што премногу често ми ги поставувате за пијалоците за детоксикација, а на кои секогаш одговарам дека не постојат и дека самото тело ја врши оваа функција, можеби е поправилно да се одговори дека тој пијалок е водата. Тоа е погонот за правилно функционирање на органите и „чудото“ што го барате.
Колку вода навистина ни е потребна, ако правилото за 8 чаши е погрешно?
Како и кај храната, така и препораките за вода се разликуваат, а најправилната пресметка ќе ја направите ако пресметате дека е 30-35 мл, по килограм телесна тежина.
По таа пресметка би одговарале 8 чаши за човек од 60-70 кг, но ако сте потешки треба да го зголемите внесот.
Можеби ви звучи многу, но не заборавајте дека вода внесуваме и преку храната, особено овошјето и зеленчукот. Доколку се храните здраво и обезбедувате доволни количини од овие намирници, преку нив обезбедувате околу 20-30 отсто од препорачаниот дневен внес на вода – истакнува нутриционистката.