Совршена маринада за печено пиле: Рецепт за најсочното месо кое некогаш ќе го пробате

popara28 август, 20231min00

Можете да подготвите сочно, крцкаво и миризливо пиле без премногу компликации. Ќе ви требаат само неколку состојки, а тајната на вкусот е во маринадата која го омекнува месото.

Состојки:

1 пиле до 2 кг
2 супени лажици маслиново масло
4 чешниња лук
3 лимони
½ китка мајчина душица
1 гранче рузмарин

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и ставете ја решетката во средината на рерната. Исцедете два лимони и изгмечете две чешниња лук.
Измешајте масло, сок од лимон, издробен лук, сол и бибер. Пилешкото исушете го со хартиена кујнска крпа и истријте го со подготвената маринада.
Зачинете ја внатрешноста на пилешкото со сол и бибер, а потоа додадете две мелени чешниња лук, цел лимон, мајчина душица и рузмарин. По потреба врзете ги батаците со конец. Префрлете го пилешкото во плехот за печење.
Печете околу 1 час, или додека кората не добие убаво златно кафеава боја. Во плехот прелијте го пилешкото со сосот од лимон направен за време на печењето и оставете го да отстои на собна температура околу 15 минути.
Исечете го месото и послужете го со сосот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag