Ништо подобро од топло пециво, свежо излезено од рерна.
Состојки:
15 гр квасец
1 лажичка шеќер
малку сол
300 мл млеко
1 јајце
2 лажици масло
550-600 гр брашно
150 гр сирење + 1 јајце
сусам + жолчка
Подготовка:
Квасецот издробете го со малку шеќер во малку топло млеко, а кога ќе запени додадете го остатокот од млекото, брашното и солта како и маслото.
Тестото убаво замесете го додека не се изедначи и покријте го да одмори 30 минути. Растегнете го во правоаголник.
Изматете го сирењето со јајцето, па премачкајте ја целата површина на тестото и свиткајте го во ролат. Поврзете ги краевите.
Со остар нож исечете помали кифлички широки 2 прста и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со жолчка и посипете со семки и крупна сол.
Оставете да одмори 5-6 минути додека не се загрее рерната.
Печете на 180 степени 30-35 минути додека убаво не поруменат.
Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка: