Сите сакаме да имаме совршени локни, но во повеќето случаи тоа значи изложување на косата на високи температури. Сепак, постои начин да ја обликувате косата без фен, фигаро и пегла. Како?
Жените ширум светот се стремат да имаат совршени фризури со што е можно помалку труд и со најмали последици по здравјето на косата, па се вртат кон поприродни начини на виткање на косата кои не одземаат многу време. Исто како овој трик за виткање со помош на чорапи, кој можете да го тестирате уште вечерва.
Се што ви треба се неколку пара стари чорапи, неколку ластичиња, со кои ќе ги врзете врвовите на косата и шноли.
Одредете ја дебелината на праменот по ваша желба, а потоа завиткајте го околу чорапот, така што чорапот стои вертикално. Ставете прамен од косата на врвот на чорапот, прицврстете го со шнола на врвот, а потоа завиткајте ја косата околу чорапот. Кога ќе го завиткате целиот прамен, свиткајте го во круг, превртете ја чорапата и таа ќе прицврсти се како ластик.
Продолжете додека не ја завиткате целата коса вака, одредите колку чорапи ќе ви требаат и на крајот врзете го и завиткајте го крајот на косата со остатокот од чорапот. Спијте со чорапите, нема да ви биде болно, бидејќи се меки, а наутро само одвиткајте ја косата. Ако сакате, можете да ги исчешлате локните, а тие ќе бидат фантастични ако поминете со прстите низ нив.