
Праски, розе, вотка и уште неколку состојки ќе ви го дадат овој одличен освежителен пијалок.
Многумина размислуваат како да си олеснат во овие топли летни денови, а фрапето од праска ќе ви го овозможи токму тоа.
Не се сомневаме дека ќе ви стане омилено летно освежување, а потребни ви се само неколку состојки:
– праски
– розе
– вотка
– мед
– мраз
Сите состојки измешајте ги во блендер, истурете ги во чаша и украсете ги со прстени праска. Густината на фрапето можете да ја прилагодите со додавање/одземање течни состојки, се разбира по желба, но вкусот секако ќе биде одличен.
Како се прави, погледнете на видеото ТУКА.