Подготовката на оваа салата е брза и едноставна, а резултатот е атрактивна и елегантна чинија која ќе ги воодушеви вашите гости или ќе ве направи вистински мајстор за гастрономски задоволства.
Состојки:
мала диња
250 гр моцарела
12 листови пршута
малку ладно цедено маслиново масло
прстофат сол
Подготовка:
Дињата пресечете ја на половина, извадете ги семките, излупете ја и исечете ја на 12 парчиња. Исто така, исечете ја моцарелата на кришки дебели околу еден сантиметар. Околу секое парче диња завиткајте по едно парче пршута и парче моцарела, па прицврстете ги со чепкалки. Пред сервирање посипете со сол и маслиново масло.
Пријатно!