СОЛЕНИ, МАЛИ ЗАЛЧИЊА: Мали погачи со чварки кои однадвор се крцкави, а внатре се меки и воздушести

popara29 август, 20231min00
61539_pogacice-sa-cvarcima-shutterstock-549870526_f

Состојки:

800 гр брашно
600 мл млеко
400 гр чварки
1 свеж квасец
2 лажички шеќер
2 јајца
1 лажица семе од сусам

Подготовка:

Во млако млеко се става квасецот, се додава шеќер и една лажичка брашно. Кога ќе нарасне квасецот, истурете го во сад со брашното, додадете прстофат сол и млеко. Замесете меко тесто и оставете го да нарасне. Сомелете ги чварките, додадете 1 јајце и малку сол и изматете. Расукајте го тестото со сукало и премачкајте го со мелените чварки. Свиткајте го тестото како писмо и оставете го да нарасне половина час. Оваа постапка треба да се повтори уште 2 пати. Расукајте го тестото со сукало и со чаша извадете округли лепчиња. Наредете ги во плех. Премачкајте со изматено јајце и посипете со сусам. Се пече во загреана рерна на 220 степени додека не порумени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma