Американската пејачка Мајли Сајрус со стил ја започна календарската година посветувајќи му ја песната „Flowers“ на својот поранешен сопруг Лиам Хемсворт во која пее за неуспехот на нивниот брак. А таа штотуку го објави новиот спот за песната „Used to be Young“, која пејачката во емотивна објава ја опиша како – биографска.
„Ја посветувам песната на мојата генерација, какви бевме порано и какви станавме“, вели Мајли, која во текстот се потсетува на лудото забавување од младоста. За многумина нејзиното збогување со младата возраст звучи необично и дефинитивно прерано, бидејќи Мајли Сајрус дури во ноември ќе го прослави својот 31 роденден.
Според денешните стандарди и наметнатите идеали за вечна младост, луѓето се млади се додека се чувствуваат така, но биолошките факти велат поинаку. Па, децата во училиште и денес учат дека младоста завршува околу 25-годишна возраст, а потоа човекот влегува во зрела возраст која трае во следните четири децении од животот, а Мајли Сајрус очигледно го прифатила и тоа. Општо земено, во зрела возраст, човекот го започнува работниот век и е способен да се грижи за себе, потоа најчесто основа сопствено семејство, личната одговорност станува се поголема, бидејќи секоја одлука веќе не влијае само на личноста кој ја прави, но и поширок круг на луѓе, особено членови на семејството.
Што се однесува до Мајли Сајрус, таа мора да се признае дека е прилично нетипична, бидејќи кариерата во шоу-бизнисот ја започна пред дваесет години, а досега има акумулирано лично богатство чија вредност се проценува на 160 милиони долари. И продолжува да расте. „Горда сум на своето минато и оптимист сум за иднината“, вели Мајли, која со песната се прости од ерата на луди забави, но очигледно воопшто не се кае.
„Знам дека постапував лудо, но беше забавно… Знам дека бев дива, но тоа е дел од младоста… Грубите ноќи не беа изгубени, се сеќавам на секоја, бидејќи бев млада…“, пее Мајли Сајрус, која за снимањето на видеото избра маица со Мики Маус, што е јасна почит за нејзината улога на почетокот на нејзината кариера во серијата на Дизни „Хана Монтана“.