Сол, вода и лимон за природен педикир! Народни рецепти за зајакнување и нега на стапалата

popara5 септември, 20231min00
Screenshot_10

Топлите денови со себе носат и полесни обувки, заради што е крајно време да ги дотерате своите стапала.

 

 

 

Ако имате проблем со тврда или испукана кожа, не мора да трчате на педикир. Сега можете да си направите подеднакво делотворен домашен третман.

 

Состојки за купка:

 

  • 1 лажица глицерин
  • 1 рака крупна морска сол
  • 2 лажици сок од лимон

 

Состојки за маска:

 

  • 1 лажица глицерин
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица вода од роза

 

Постапка:

 

Наполнете еден леген со топла вода, сантиметар до два над глуждовите. Додајте сол, лимонов сок и глицерин. Добро промешајте.

 

Во купката оставете ги нозете околу 20 минути.

 

Потоа со камен или турпија добро истругајте ги критичните места. Натопете и темелно измијте.

 

Подгответе ја маската со тоа што ќе ги измешајте сите состојки во еден мал сад. смесата нанесете ја на критичните делови во дебел слој и оставете ја да отстои. Кога ќе се впие, облечете памучни чорапи.

 

Оставете ја маската 3-4 часа или уште подобро, преспијте со неа.

 

Исплакнете ги нозете со млака вода и премачкајте ги со маслиново масло.

 

Постапката повторувајте ја на 3 дена додека тврдата кожа не исчезне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag