„Сопругата те изневери со пријателот на твојот син“: Крис Рок жестоко го прозва Вил Смит една година по големиот скандал

popara8 март, 20231min00
Screenshot_5

Комичарот Крис Рок во својата нова стендап-комедија во рамките на познатото американско шоу „Саботна ноќ“ конечно го ослободи сиот гнев што му се наталожи изминатава година по понижувачката шлаканица на неговиот колега Вил Смит на Оскарите.

 

 

 

Овој драматичен момент се случи за време на церемонијата на Оскарите во 2022 година, откако Рок, кој беше домаќин на настанот, даде несоодветен коментар за косата на Џејда Пинкет Смит, сопругата на Вил.

 

Но сега во својот стендап, Крис го обвини Смит за таканаречениот „селективен гнев“, односно дека го пренасочува гневот од Џејда на него поради нејзините многубројни прељуби.

 

Вил Смит практикува селективен гнев, затоа што секој што знае што се случило знае дека јас немав врска со тоа срање. Јас не направив ништо. Неговата сопруга се е*ела со другарот на нивниот син. Сега не би зборувал за ова воопшто. Но од некоја причина, тие го известија целиот Интернет за тоа. Немам поим зошто двајца талентирани луѓе би направиле нешто толку понижувачко. Зошто?, изјави Рок за време на настапот.

 

Сите сме биле изневерени во врска, но никој од нас не бил интервјуиран од личноста која не’ изневерила и тоа на телевизија. Не сме слушнале прашања од типот: „Еј, орално задоволував друг маж, како се чувствуваш поради тоа?“ Зошто некој би го направил тоа?, продолжи комичарот, мислејќи на интервјуто што Џејда и Вил го објавија во 2020 година.

 

Таа го повреди многу повеќе отколку тој мене, во ред? Сите на светот го нарекуваа проколнат по шлаканицата. Се обидов да го наречам проколнат и да му изразам сочувство. Тој не сакаше да разговара со мене, додал тој.

 

Познатиот 58-годишник на шега истакна дека се’ уште му „ѕвонат“ ушите од кобната шлаканица:

 

Копилето ми удри шлаканица на е****** Оскари! А луѓето сè уште се во филмот: „Те боли ли?“… Уште ме боли! Моите уши сè уште ѕвонат. Но јас не сум жртва, никогаш нема да ме видите кај Опра како плачам и кажувам: „Не можев да верувам дека ова ми се случи, па јас ги сакам мажите во црно! Не, тоа никогаш нема да се случи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag