Сопругот на Бритни Спирс обвинет дека ја контролира славната пејачка: Веднаш се огласи

popara1 јануари, 20231min00
tan2022-6-10180214240-830x0

Сопругот на поп иконата Бритни Спирс, моделот Сем Ашгари, е обвинет од нејзините обожаватели дека ја контролира славната пејачка.

Имено, манекенот веднаш се огласил и ги отфрлил овие тврдења, наведувајќи дека не ни контролира што таа ќе вечера, пренесува „TMZ“.

Тој додаде дека разбира зошто се појавуваат такви тврдења.

– Знаете, многу работи се случија во нејзиното минато, па разбирам од каде доаѓаат овие обвинувања – истакнува тој, алудирајќи на нејзините фанови и додава:

– Тие само се обидуваат да ја заштитат. Ако ништо друго, тие се добри обожаватели – додаде 28-годишниот манекен.

Да потсетиме дека Спирс и Ашгари се венчаа во домот на пејачката во Калифорнија во јуни, осум месеци откако ѝ беше прекинато контроверзното старателство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma