Состојките сигурно веќе ги имате во кујната: Израдувајте ги вашите усни со ДОМАШЕН пилинг и никогаш повеќе нема да бидат суви и испукани

popara19 февруари, 20231min00
Screenshot_3

Резултатите се фантастични и лесно се прави

 

Ветер, сув воздух, ниски температури, сето тоа остава последици врз изгледот на усните. Поради овие околности тие стануваат суви, пукаат и воопшто не изгледаат привлечно.

 

Секогаш е најдобро да се користи природна козметика, а најдобро е таа козметика да потекнува од нашата кујна и самите да ја направиме. Затоа најдовме многу едноставен и ефикасен рецепт.

 

Потребни состојки:

 

  • Четвртина шолја ситно мелени зрна кафе
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица зачин од тиква
  • 2 и пол лажички маслиново масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила

 

Подготовка:

 

Сите состојки убаво измешајте ги додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја смесата во мала стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

 

Користете по потреба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag