Актерката Софија Вергара неодамна се раздели од сопругот Џо Манганиело по седум години брак. Тие го кажаа судбоносното „да“ кон крајот на 2015 година, на голема свадбена прослава во Флорида.
„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две лица кои се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно замолуваме за почитување на нашата приватност во овој период, додека се движиме низ оваа нова фаза во нашите животи“, стоеше во нивното соопштение до јавноста.
Но, се чини дека актерката добро се носи со целата ситуација и, според многумина, таа изгледа најдобро досега.
Имено, за време на викендот, ѕвездата на ситкомот „Modern Family“ била забележана во Западен Холивуд, на роденденската прослава на сестра ѝ Вероника Вергара, пишува „Пејџ сикс“.
За оваа прилика, актерката се одлучила за тесен син фустан, сребрени дијамантски нараквици, црни потпетици и соодветна чанта во црна боја.
Вергара се забавувала во друштво на својата сестра, внуката Клаудија, синот Маноло и пријателката Маргарита Хејлброн.