Софија Вергара повторно е вљубена.
Ѕвездата на „Modern Family“ е фатена во петокот вечерта во друштво на непознат маж, за кој Page Six дознава дека е ортопедскиот хирург Џастин Салиман.
Двојката била фатена во неговиот автомобил додека биле на вечера во Беверли Хилс, во близина на местото каде што Ким Кардашијан го прослави својот роденден.
Сепак, тие не се најдоа на списокот на гости, туку случајно се нашле на истото место со старлетата.
Атрактивната Вергара, која привлекува воздишки на многу мажи, облекла црн корсет од тантела и панталони.
Џастин бил во кошула и фармерки, а насмевката не ја симнале од нивните лица.
Според споменатите медиуми и двајцата зад себе имаат пропаднати бракови.
Џастин претходно беше во брак со актерката Бри Тарнер, позната по улогите во „Grimm“ и „The Ugly Truth“. Тие поминаа десет години заедно и се разведоа во 2018 година. Имаат две деца.
До ова лето Софија беше во брак со актерот Џо Манџианело.
– Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, изјавија тие за Page Six.