Софија Вергара им одбруси на критичарите: Тврди дека не правела пластични операции, а еве како ја одржува убавината

popara29 ноември, 20231min00
50576_shutterstock-122172406_f

Во интервју за Glamour, Софија Вергара зборуваше за лансирањето на нејзината козметичка линија наречена Toty, а истовремено се осврна и на обвинувањата дека имала неколку пластични операции.

Помеѓу другото, 51-годишната сакаше да нагласи дека сите обвинувања за бројни пластични операции кои може да се прочитаат на социјалните мрежи се сосема незаслужени – иако ја смеат.

„Понекогаш ги читам пораките – избегнувам да ги читам коментарите затоа што, зошто? Обично луѓето се нерасположени или депресивни или љубоморни“, вели Вергара.

Потоа се пошегува и вели дека пораките што ги чита обично гласат нешто како: „Толку работи си направила што веќе не ни личи на себе“ и таа одговара: „А јас мислам, не правиш пластична операција за да изгледаш полошо од порано!“

„Секогаш сакам да кажам: „Не, тоа се вика стареење! Затоа изгледам поинаку!“ – им се нафрли актерката на критичарите.

Иако нема направено пластична операција, Вергара сепак признава дека има ситни естетски зафати со кои таа редовно ја одржува убавината.

„Правам ситници понекогаш. Правам многу третмани microneedling кога можам. Исто така, немам пауза. Би сакала да имам слободно време од работа. Би правела многу повеќе, но правам микронидлинг , мали ласери за капиларите бидејќи имам розацеа. Редовно правам ботокс за очи и врат“, откри таа.

Забележува дека тоа се ситници за кои не треба да седите еден месец дома бидејќи нема време за повеќе поради обврските.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma