Софија Вергара се уште изгледа како тинејџерка: Необичната комбинација на панталони и џемпер е се што ни треба за крајот на летото

popara19 август, 20231min00
sofija-vergara-sofia-vergara-0789326211-830x0

Првото нешто што ни паѓа на ум кога ќе ја погледнеме Софија Вергара е прашањето „колку години има?“, бидејќи гледајќи во неа, времето изгледа како да застанало. Оваа жена едноставно одбива да старее, а нејзиното совршено зачувано лице и фигура дополнително се поласкани од гардеробата што ја носи.

Имено, убавата Колумбијка често изгледа како да позајмува гардероба од својата помлада сестра, а таа одлично ѝ прилега.

Таа денеска прошета по улиците на Лос Анџелес во многу едноставна, но сепак многу ефикасна модна комбинација.

Жолтиот џемпер и широките панталони одлично го надополнија нејзиниот тен и бојата на косата.

Добар контраст на целиот изглед дадоа црни очила, црна чанта и златен часовник.

И како ви се допаѓа оваа комбинација? Сметаме дека е идеална за рана есен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag