Софија Ричи се омажи: Изборот на венчаницата е сон од соништата, креација на Шанел, скроена по мерка, а еден детаљ ја прави ВОЛШЕБНА

popara24 април, 20231min00
52455_screenshot-2023-04-23t202403632_f

Софија Ричи, познатата манекенка и инфлуенсерка, се омажи за музичкиот директор Елиот Грејнџ во саботата на француската ривиера.

За овој посебен ден, Софија избра венчаница на Шанел, шиена по мерка

Убавата 24-годишна девојка заслепуваше во венчаница во боја на слонова коска, која беше инспирирана од колекцијата есен 2023 година на францускиот бренд. Фустанот е со класичен крој, но со модерни и атрактивни елементи. Венчаницата ја следи линијата на телото, па лесно се шири од колената надолу, има висока јака и ги открива рамениците, додека на крајот е украсена со долг шлеп.

Венчаницата на Софија беше целосно покриена со светки, кои додадоа сјај и гламур на целата комбинација. Како додаток носеше едноставен проѕирен вел, прекрасни бисерни обетки и мал, но ефектен бидермаер.

Screenshot 2023-04-24 001221
Screenshot 2023-04-24 001241
Screenshot 2023-04-24 001311
Screenshot 2023-04-24 001330

Софија до олтарот пристигна со нејзиниот татко, легендарниот пејач Лајонел Ричи, кој со насмевка ја испрати во прегратките на Елиот. Венчавката се одржа во луксузниот хотел „Cap-Eden-Roc“, а се беше средено по највисоки стандарди.

Софија и Елиот се во врска подолго време, а сега одлучија својата љубов да ја крунисаат со брак. Сликите од венчавката ги воодушевија обожавателите ширум светот, а многумина го пофалија изборот на венчаница на Софија и нејзиниот елегантен изглед.

Ова беше еден од најважните денови во животот на младиот пар, а венчавката беше незаборавна и гламурозна како и самата Софија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma