Сочен појадок или вечера готова за 25 минути :Рецепт за вкусна проја која ја сакаат сите од 7 до 77 години

popara12 октомври, 20231min00
Рецепт за вкусна проја

Брзите и едноставни рецепти никогаш не се на одмет,особено поради брзиот живот што го живееме.

Ако сакате да јадете проја,тогаш уште повеќе ќе го засакате овој рецепт,бидејќи вака пројата е посочна поради сирењето што се става во неа.

Покрај тоа,се што е потребно е само да се измешаат сите состојки и да се стави да се пече.

Состојки:

-2 чаши пченкарно брашно
-1 чаша бело брашно
-1 шолја масло
-1 чаша јогурт
-1/2 чаша кисела вода
-1-3 јајца
-1 прашок за пециво
-300-500 грама сирење
-една лажичка сол

Подготовка:

Измешајте го пченкарното брашно со прашокот за пециво и белото брашно.Потоа измешајте го јогуртот,па маслото,киселата вода,додадете јајца и сол,па сè убаво измешајте.

На крајот додадете го издробеното сирење и кратко промешајте да не се распадне целосно.

Загрејте ја рерната на 200 степени,а потоа печете ја пројата околу 20 минути.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma