Негата на вашата кожа е пресудна за да се борите со акните и брчките на лицето.
Овие неколку домашни маски ќе ви го направат да имат чисто и здраво лице и да изгледате помладо.
Мед – Употребете мек пешкир и млака вода за да ги отворите порите на лицето. Размачкајте го медот на кожата и оставете го 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.
Жолчка од јајце – Размачкајте ја на лицето и вратот и оставете да делува 30 минути. Измијте се со ладна вода.
Белка од јајце – Изматете ја белката додека не стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте додека се исуши и измијте ја со топла вода.
Грозје – Исечете зрно грозје на половина и истријте го преку целото лице.
Банана – Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.
Јогурт – Нанесете го на лицето откако детално ќе го исчистите и оставете го да дејствува 15 до 20 минути.
Јаболков оцет – Разводнете го оцетот со вода и нанесете го на лицето со памук како тонер, по миење на лицето секој ден и секоја вечер.
Маслиново масло – Намачкајте на усните (ако ви се испукани) пред да си легнете или намачкајте го лицето преку ноќ.
Сода бикарбона – Употребете ја како ексфолијант за лице и додадете ја во редовниот “чистач” за лице.
Млеко – Да, млеко. Размачкајте го на лицето со памук, оставете да се зацврсне. Измијте се со топла вода. По ова кожата ќе ви биде супер мека.