
Холивудскиот заводник откри со какви предизвици се соочил додека ги воспитуваат децата со Амал Клуни.
Познатиот холивудски актер Џорџ Клуни стана татко пред 6 години кога тој и неговата сопруга Амал Клуни ги добија близнаците Ела и Александар Клуни.
Во ексклузивното интервју со Мајкл Страхан од “Good Morning America”,тој откри со какви неочекувани предизвици и радости се соочиле додека ги одгледувале сега веќе шестгодишните близнаци.
– Близнаците ви кажуваат многу – рекол Џорџ,признавајќи ја уникатноста на личноста на секое дете.И покрај тоа што ги воспитувате на ист начин,тој нагласи колку се различни и колку мала контрола имаат родителите во обликувањето на индивидуалниот идентитет на нивните деца.
– Тие го изразуваат своето мислење и неверојатно е да се види колку се различни – вели Клуни.
Близнаците се родени во јуни 2017 година и уште од мали нозе покажаа дека имаат сосема различни карактери. Александар е поотворен,духовит,секое утро го буди татко му со реченицата:
– Јас сум Александар Клуни.
Споделувајќи неколку анегдоти за љубовта на Александар кон автомобилите,филмската ѕвезда ја спомена навиката на неговиот син да го гушка семејниот автомобил,дури и во моменти,како на пример кога вози татко му.

Од друга страна,Ела е поинаква,резервиранасериозна,многу позрела,но поинтровертна во споредба со нејзиниот брат.
И покрај сериозното однесување,Ела има палава страна,наследена од нејзиниот татко Џорџ кој хумористично призна:
– Целата моја работа,навистина,е да ги учам на разни работи.
Тој раскажа како Ела,некогаш скептична за овие лудории,ја прифаќа забавата откако го гледа нејзиниот брат како се смее.
:max_bytes(150000):strip_icc():focal(762x423:764x425):format(webp)/george-clooney-boys-in-the-boat-premiere-121223-2-2acc7a0c5e544215b2fab9a34f87b104.jpg)
Размислувајќи за празничната сезона,Џорџ се изјаснил дека го користи веќе добро познатиот родителски трик со Дедо Мраз за да ги поттикне децата да бидат добри и да се однесуваат послушно.
– Имам повик од Дедо Мраз – на шега сподели тој. – Велам: „Еј Дедо Мраз, како е?“ И тој вели: „Се оди добро. Како се децата?’
Како посветен татко,Џорџ Клуни ги прифаќа предизвиците на родителството со хумор,љубов и разбирање на уникатните личности на неговите близнаци.