Британската пејачка Адел се појави на музичката сцена во 2008 година и со својот глас го воодушеви целиот свет.
Таа долго време се бореше со вишокот тежина, а пред неколку години успеа да ослабе речиси 50 килограми.
Задолжителната физичка активност е само дел од нејзината рутина која и помогнала да ослабне, а слабеењето природно вклучувало и посебен начин на исхрана.
Таа речиси ја преполови својата фигура за само неколку месеци, а во една прилика за Дејли Меил откри кои мали и големи промени меѓу другото придонеле за нејзиното слабеење.
Адел еднаш признала дека се откажала од навиката да пие чај бидејќи пиела околу 10 шолји од топлиот пијалок дневно.
Меѓутоа, зборувајќи за The Sun, таа потоа откри дека конзумирала многу шеќер заедно со чајот.
– Пиев по 10 шолји дневно со по две лажички шеќер, па земав по 20 лажички шеќер дневно – рекла тогаш Адел.
Како што го намалила внесот на шеќер, таа започнала со процесот на слабеење.
– Сега не го пијам и имам повеќе енергија од кога било – додаде таа, бидејќи може да се чувствувате уморни од премногу шеќер.