Со него нема иднина за вас: Осум знаци дека вашето момче е целосно незрело

popara28 јануари, 20231min00
Ljubavni-par-1-2048x1365

Не презема одговорност за својот живот

Во животот важно е да се зачува дозата на детинетост, што е енергична, весела, не прави оптимистични и не потсетува како да фантазираме и сонуваме. Но, тој детски дух што го имаме не треба да ја загрозува нашата зрелост во важните аспекти од животот кога е важно какви одлуки носиме, како постапуваме, да размислиме како тоа ќе влијае на нас и на другите.

Врската со инфантилен маж на почетокот може да биде пријатна, но како што се развива може да стане полна со оптоварувања и недостатоци.

Тој не презема одговорност за својот живот – Секогаш е во позиција на жртва и тешко може да ги совлада тешкотиите.

Исто така, во неговиот живот има повеќе неуспеси отколку успеси.

Не ја планира иднината – Незрелите мажи не размислуваат за иднината, немаат цели, визии. Живеат од денес за утре.

Неуреден и неорганизиран – Тој е невнимателна и несериозна личност која никогаш не го чисти сопствениот неред и не може да се организира. Секогаш ќе чека некој друг да направи се за него.

Незрело располагање со пари – Крајно нерационално управување со средствата. Ако имате заеднички буџети и трошоци, ова може да биде предизвик.

Недостаток на комуникација – Можете да разговарате со него, да се шегувате, да се забавувате, но кога станува збор за сериозна комуникација, односно за разговор за важни теми, главните нишки се губат. Тој не се труди да ве сослуша.

Импулсивност и спонтаност – Не размислува пред да донесе важни одлуки, воглавно се препушта на емоциите и го прави она што прво ќе му падне на памет.

Се плаши од обврски – Избегнува да зборува за заеднички задачи, обврски, за развојот на врската дури и по неколку години заеднички живот. Не сака да порасне, а уште повеќе не сака да преземе одговорност за некој друг, секогаш се труди да ја префрли одговорноста на други луѓе.

Лесно подпаѓа под влијание на околината – Оваа личност лесно се менува поради влијанието и коментарите на околината, лековерна е и сомничава кон себе.

Доколку сте во врска со незрела личност, обидете се да разговарате отворено, да се консултирате со терапевт, да му објасните на партнерот што ве мачи, што би сакале да промените. Во секоја врска, важно е двајцата луѓе да работат со заеднички сили за да ја развијат врската. Ако сте свесни дека оваа врска нема иднина, дека повеќе ви ја троши енергијата отколку што ви носи радост, тогаш размислете дали вреди да останете во неа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma