Актерката присуствуваше на гала вечерата на американскиот претседател
Анџелина Џоли пристигна во средата на вечера со претседателот Бајден во Белата куќа, која се одржа во чест на претседателот и првата дама на Јужна Кореја.
Оскаровката беше придружувана од нејзиниот најстар син Медокс. За таа прилика носеше долг бел фустан со шлиц до бутовите, кој го искомбинира со блејзер над рамениците.
Таа го комплетираше овој класичен изглед со светло црвен кармин, бисерен ѓердан и златна клач чанта.
Забележливо е дека Анџелина ја осветлила бојата на косата, која е осенчена со светло кафени прамени и стилизирана во нежни бранови до рамениците.
Џоли на вечерата во Белата куќа беше придружувана од нејзиниот син Медокс Џоли-Пит, кој носеше црн костум и бела кошула со црна вратоврска.
Иако актерката е најпозната по нејзината филмска кариера и режисерски достигнувања, како што пренесуваат странските медиуми таа е и академик. Во 2016 година, била поканета на „London School of Economics“, како гостувачки професор во пракса, да придонесе на предавањата за жените, мирот и безбедноста.