Папарацо фотографите ги „уловиле“ холивудската актерка Меган Фокс и нејзиниот вереник Машин Ган Кели на свечен состанок, односно додека излегувале од престижен ресторан во Малибу.
После тоа, парот продолжи на божиќната забава кај семејството Кардашијан/Џенер, а атрактивната актерка била решена да го покаже целиот свој шарм, вклучително и најинтимниот.
Убавата 37-годишна девојка блесна во многу провокативен фустан, кој бара беспрекорна фигура, но и малку ексцентричност и храброст.
Станува збор за долг, бел корсет-тоалета која има четири процепи за врвка на предната страна кои откриваат повеќе отколку што треба.
Изгледа дека Меган Фокс не носи ништо под фустанот, дури ни гаќички, а доказ за тоа е што на нејзиниот стомак јасно се гледа тетоважа со змија…
Сепак, повеќе од сигурно е дека не е прв пат актерката да се појави во јавноста без долна облека, па често го шокира модниот свет со предизвикувачки комбинации.Изданието го комплетираше со проѕирни сандали, со платформи, сребрена клач чанта и светкав, скап накит, а над се стави бел мантил.Косата ја собра во лежерна пунџа и се одлучи за заводлива шминка.Од друга страна, Кели избра многу понеформална облека во неговиот препознатлив стил – црни, кожени, широки панталони и дуксер, со многу накит и чизми со предимензиониран ѓон.