Спасете го ручекот: Ако јадењето ви е премногу кисело или луто, имаме брзо решение за да не останете гладни!

popara6 ноември, 20231min00
66765_zena-shutterstock-2240650183_f

Дали додадовте премногу сол?

Иако повеќето луѓе мислат дека компирот е најдоброто решение – не е така, бидејќи ја впива не само солта, туку и сите зачини. Кога не можете да додадете малку вода, истурете чаша сок од домати или неутрален крем. Или ставете една лажица ориз која ќе го впие вишокот сол. Во зависност од видот на јадењето, проблемот може да го реши и една лажичка оцет.

Ако гори од лутина

За да можете да јадете премногу зачинето јадење, намалете ја пикантноста со додавање на неколку капки лимон. Ако тоа не е доволно, ставете малку мајонез, павлака или јогурт и ќе го решите проблемот.

Дали е премногу слатко?

Кога десертот е премногу сладок, додадете малку сок од лимон или некоја горчлива состојка, како какао (секако без шеќер).

Неутрализирајте ја киселината

Ова е најмалиот проблем, бидејќи доволно е да додадете малку шеќер. Во кисела салати и јадења со домати додадете третина од лажичка шеќер. Со малку шеќер ќе го решите и проблемот кога во слатките ќе истурите премногу сок од лимон или портокал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma