Спречете ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА: Три клучни совети до кои треба да се придржуваат жените кога ќе ги преминат 50-тите

popara23 септември, 20231min00
e359773756b62f7ca06dee56fd162239864bd94e

Како што старееме, годините почнуваат да се покажуваат на нашата кожа, но и на косата. Првиот знак е седата коса, а има помала густина и опаѓање.

– Кога старееме, целото наше тело старее. Она што се случува е дека нашите клетки едноставно се уморуваат и престануваат да работат како порано. Фоликулот на косата не се разликува, па нашите фоликули на косата едноставно веќе не се способни за раст на влакната, исто како што нашата кожа не е навистина способна да го регенерира колагенот – изјави дерматологот Нера Натан за странските медиуми, откривајќи три начини како да се надмине овој проблем.

1. Заборавете на брзите диети и јадете протеини

Исхраната е тесно поврзана со здравјето на косата, па затоа е многу важно да имате урамнотежена исхрана. Избегнувајте рестриктивни диети или диети кои ве ограничуваат и внесете доволно протеини. Вашата коса ќе блесне, бидејќи косата е направена од кератин, кој е протеин.

– Повеќето здрави жени треба да се стремат кон 40 до 60 грама протеини дневно, а мислам дека тоа е многу повеќе отколку што добиваме повеќето од нас. Други експерти предлагаат да се стремите кон повеќе од 100 грама дневно. Слободно може да се каже дека секој би можел да посвети повеќе внимание на внесот на протеини – предупредува д-р Натан.

2. Намалете го стресот

Хроничниот стрес кој не го ни забележувате лошо влијае на менталното и физичкото здравје, вклучувајќи го и растот на косата.

– Има се повеќе докази дека секојдневниот стрес може да ни ги зголеми хормоните на стрес како кортизолот, кој пак може постепено да го скрати циклусот на раст на косата и да ни ги исклучи фоликулите на косата – вели дерматологот.

Така, работните места под висок притисок, исцрпеноста и стресните лични околности може да доведат до зголемено губење на косата со текот на времето. Клучот е да пронајдете управување со стресот што можете да го практикувате редовно, како што се медитација, пешачење, поврзување со саканите и добар сон.

3. Негувајте ја вашата коса од надвор

Иако здравјето на косата доаѓа одвнатре, постојат и надворешни влијанија кои ја оштетуваат косата.

– Намалете ја употребата на продукти за стилизирање и хемиска обработка и избегнувајте состојки за кои е познато дека го иритираат скалпот и фоликулите на косата, како што се силиконите или мирисите – истакнува д-р Натан.

Ако сакате активно да го поттикнете растот и густината, одлучете се за третмани или серуми.

– Доколку некој бара природен третман против опаѓање на косата, постојат податоци за ефектите на кофеинот и куркумата. Кофеинот го поттикнува растот на косата, додека куркумата е одлична за сува и иритирана кожа – заклучи дерматологот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag