Овој начин за спречување на појава на бигор од славините не бара скапи производи и брзо и ефикасно ги отстранува сите траги од вода…
Една љубителка на чистењето сподели трик како да се отстранат дамките од вода од славините, поточно како да се спречи нивното формирање. Ништо не може да ја расипе естетиката на домот како досадниот бигор и водените траги, а овој метод не само што е ефикасен и ефтин, туку и не вклучува груби хемиски производи.
Трикот е да се користи свеќата.
На видеото, кое е прегледано над 30 милиони пати, жената трие свеќа на славината, а потоа нежно го отстранува преостанатиот восок со сува крпа.
Бидејќи восокот создава лизгава површина, водата веднаш се лизга од чешмата, не оставајќи никакви дамки, пренесува „The Sun“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
– Може да користите восок и на долниот дел и страните на фиоките на комодата за лесно да се лизгаат и да не чкрипат – беше еден од советите под видеото.