Ако користите зелен чај, можете драстично да го подобрите здравјето на вашата коса, со што, меѓу другото, помалку ќе опаѓа
Во последно време опаѓањето на косата стана еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат поединци од сите возрасни групи, а често се јавува поради нездравиот начин на живот. Сепак, малкумина знаат дека правењето некои основни промени во нивната секојдневна исхрана може да им помогне да избегнат проблеми со косата.
Исто така, помалку познат факт е дека зелениот чај може да направи чуда за негата на косата.
Покрај тоа што е еден од најпопуларните пијалоци ширум светот со векови, консумацијата на зелен чај е исклучително корисна за вашето целокупно здравје, вклучувајќи ги вашата кожа и коса. Тој е ризница на антиоксиданси, амино киселини, ензими и витамини, кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето. Преполн со катехини, зелениот чај помага во намалување на нивото на дихидротестостерон (DTH) – главната причина за губење на косата.
Еве каква корист може да има за вашата коса:
Спречува опаѓање на косата
Бидејќи зелениот чај е богат со аскорбинска киселина, каротеноиди, токофероли, селен и цинк, може да помогне да се спречи опаѓање на косата, па дури и да се поттикне растот на истата. Епигалокатехин-3-галатот (ECGC) кој е присутен во него ги штити клетките на косата од оштетување.
Обезбедува хидратација
Зелениот чај е збогатен со витамин Б, што го прави честа состојка во многу производи за коса, особено шампони и регенератори. Присуството на витамин Б во зелениот чај го прави добар навлажнувач, со што обезбедува навлажнување на вашата коса.
Спречува првут
Поради своите антиинфламаторни својства, зелениот чај може да ви помогне да се ослободите од првутот. Бидејќи лимонот е одличен извор на витамин Ц, додавањето на неколку капки лимон во вашиот зелен чај може ефикасно да го третира првутот.
Дава сјај
Зелениот чај исто така е преполн со витамин Е, кој значително допринесува за постигнување на сјајна и глатка коса. Исто така има својства на пилинг и може да ја заштити косата од надворешни оштетувања, пренесува „news18.com“.