Прво пееше за нивното раскинување, а сега многу го поддржува. Две поп ѕвезди кои порано се забавуваа се дружеа на Греми наградите.
Тејлор Свифт беше особено возбудена секогаш кога Хари Стајлс се појавуваше или на сцената или во нејзина близина. Свифт е позната по тоа што своето љубовно незадоволство го искажува во песни, а неколку им посвети на бројни поранешни момчиња, меѓу кои и Стајлс.
🎥| @TaylorSwift13 dancing to Harry Styles #GRAMMYs performancepic.twitter.com/o17AEG8Po0
— The Swift Society (@TheSwiftSociety) February 6, 2023
Сепак, сега тие срдечно се дружеа на овогодинешното доделување на Греми. Тејлор на тој начин влезе во категоријата на девојки кои му пружија најголема поддршка на својот поранешен партнер. Најпрво таа танцувала за време на неговиот настап, за што сведочат и снимките. Таа многу енергично аплаудираше кога тој ја освои престижната Греми за најдобар албум, како и по настапот.
We feel the same way, Taylor. Harry Styles just slayed his #GRAMMYs performance. pic.twitter.com/ms0VPKrYza
— E! News (@enews) February 6, 2023
Новинар на Холивуд репортер видел дека Свифт „се искрадна да разговара со Хари Стајлс. Тие се прегрнаа и долго разговараа на неговата маса“. Потоа, по сите протоколи, тие беа видени како долго и срдечно разговараат, а Тејлор во еден момент му ја стави раката на рамо и на тој начин покажа дека сега се блиски. Во еден миг поздравија со затворени тупаници. Обожавателите на двете поп ѕвезди го анализираа нивното дружење во текот на целата ноќ.
📹 | Taylor Swift clapping for Harry Styles win for Best Pop Vocal Album at the #GRAMMYs pic.twitter.com/oVpR6xdjOd
— Taylor Swift News (@TSwiftNZ) February 6, 2023
Немаше конкуренција меѓу пејачите, иако и двајцата беа номинирани во две исти категории – за песна на годината и за најдобар спот. Последново го освои Свифт со нејзиниот краток филм за „All Too Well: The Short Film“.
Двојката се забавуваше неколку месеци на крајот на 2012 година и раскина на почетокот на 2013 година. Следната година, Свифт го издаде албумот „1989“ на кој му посвети две песни на Стајлс. Едниот е „Style“, а за него наводно е и песната „Out of the Woods“.
Сепак, за разлика од другите мажи за кои пеела, Стајлс имал само пофални зборови за нејзината работа.
„Она што мислам за идејата да напишам песна за некого и обратно, некој да пишува за мене, е дека е многу ласкава, дури и ако песната не е ласкава – сепак сте потрошиле некое време на неа и на крајот од ден, ако Тејлор е некој пример, таа е одличен писател. Така што тие се добри песни“, рече Хари во интервјуто со Хауард Стерн на почетокот на 2020 година.
Оттогаш, двајцата музичари повеќе пати на јавни настани покажаа дека – ако имало меѓусебни поплаки, сега дефинитивно веќе ги немаат.