Ставете една работа во садот со јагоди: Продолжете ја свежината на овошјето на наједноставен начин (ВИДЕО)

popara16 мај, 20231min00
a5013df53e349d5a9899746b1a9e31eb40aedb1a

Една корисничка на „TikTok“ сподели совет злато вреден

Сите ги сакаме јагодите, но многу брзо по купувањето тие почнуваат да скапуваат и стануваат кашести. Сепак, една корисничка на „TikTok“ по име Стеф Џиглоти сподели генијален трик со помош на кој ова овошје ќе остане свежо долго време.

„Пред неколку месеци налетав на овој трик, па во меѓувреме го тестирав и навистина функционира. Ако ставите овошје, како јагодите, во стаклена тегла и ја чувате во фрижидер, тоа ќе остане свежо две до три недели“, вели таа.

Но, не е доволно само да ги ставите во тегла. Внатре во теглата треба да вметнете салфетка, која ќе го собере вишокот вода и ќе спречи брзо гниење. Исто така, ако ги чувате јагодите во друг сад, важи истото: вметнете хартиена крпа, или салфетка, која ќе го собере вишокот на влага.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Уште еден корисен трик е да ја зачувате свежината на јагодите така што ќе ги натопите во вода во која претходно сте додале малку оцет. Оставете ги околу 20 секунди, исплакнете и исушете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag