Кортни Кокс беше гостин во подкастот Gloss Angeles каде што зборуваше за „погрешните сфаќања за стареењето“.
58-годишната ѕвезда на „Пријатели“ изјави дека „претерувала со козметичките зафати“ и дека на почетокот не разбирала ниту забележала како тоа им изгледа на луѓето околу неа.
„Се гледате во огледало и велите: „Ова изгледа добро“. Не сфаќате како им изгледа на другите. Фала богу, филерите може да се отстранат. Направив многу грешки, но за среќа, успеав да ги отстранам повеќето од нив“, рече таа. Таа исто така додаде дека нејзиниот поглед на староста се променил во последните неколку години.