СТАВИЛА БАНАНА ВО САКСИЈА СО ЦВЕЌЕ И ТОГАШ СЕ СЛУЧИЛО НЕШТО НЕВЕРОЈАТНО

popara22 април, 20231min00
497437_banana_f

Ако не сте знаеле, кората од банана можете да ја користите за одгледување растенија.

Доколку имате убава градина и растенија за кои е потребна дополнителна грижа, ви предлагаме следниот пат да ја зачувате кората од ова тропско овошје и да ја подобрите вашата градина.

Бананите се познати како извор на калциум, фосфор, калиум и магнезиум и имаат многу позитивни ефекти врз човечкото тело. Сепак, еве како овие минерали влијаат на почвата и растенијата:

Калиум: му помага на растението да биде силно и отпорно на штетници, а особено е важен за растење на папратите.

Фосфор: силно влијае на растот на овошјето и цвеќето.

Калциум: најважниот минерал на земјата бидејќи и овозможува на земјата да добие кислород.

Ѓубриво од кора од банана

За да ги обезбедите овие есенцијални минерали на вашите растенија и градина, предлагаме да направите ѓубриво од кора од банана.

Оставете ја излупената кора да се исуши (не грижете се, ќе потемни), па сомелете ја во блендер и растворете ја во вода. Ќе добиете мешавина слична на шејк, а на вашите растенија ќе им се допадне.

Полесен начин да се направи ѓубриво од кора од банана е да ја исецкате кората и да ја закопате во почвата околу растенијата или да ја посипете над областа каде што сакате да садите во иднина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma