СТАВИ 20 МИЛИОНИ ВО ЏЕБ: Џони Деп потпиша договор за кој Холивуд МОЖЕ САМО ДА СОНУВА!

popara14 мај, 20231min00
Screenshot_4

Американскиот актер Џони Деп потпиша договор со француската модна куќа Диор вреден рекордни 20 милиони долари за рекламирање на парфем за мажи.

 

 

 

 

Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, наводно го потпишал највредниот договор за поддршка на машки парфем досега.

 

Извор од американскиот магазин „Variety“ потврди дека Диор потпишал тригодишен договор со Деп, кој се проценува на 20 милиони долари. Познатиот актер е заштитно лице на парфемот „Dior’s Sauvage“ откако се појави на пазарот во 2015 година.

 

Бернард Арно, шефот на матичната компанија на Диор, „LVMH“, го посочи имиџот на Џони Деп како една од главните причини зошто „Sauvage“ постигна значителен успех.

 

За време на контроверзната правна битка против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Дизни и Ворнер Брос. ја прекинаа долгогодишната соработка со актерот. Сепак, „LVMH“ продолжи да соработува со него, а рекламите за популарниот машки парфем продолжија да се појавуваат и во текот на судската постапка, кои јавноста ги следеше со голем интерес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag