СТАРО НАРОДНО ВЕРУВАЊЕ: Подароци што треба да ги фрлите веднаш штом ги добиете бидејќи можат да донесат кавга и несреќа

popara15 јули, 20231min00
e2875f6b6e0eac5dcdbc30f7f74dd9d657ea2c89

Според едно старо верување, постојат одредени подароци кои никогаш не треба да ги чувате во вашиот дом

Нашите баби верувале дека негативната енергија може да се пренесе и со одредени материјални работи…

Негативна енергија во домот можат да внесат членови на семејството кои живеат таму и повремени посетители, а често и подароци кои сте ги добивале од злонамерни луѓе од вашата околина…

Имено, доколку при добивањето на подарок сте почувствувале некаква непријатност придружена со потење и срцебиење или едноставно имате чудно чувство секогаш кога го држите подарокот во раце, треба да го оддалечите предметот што е можно подалеку од себе и најдобро би било да го фрлите или да го запалите.

Фенг шуи, древното кинеско знаење за балансирање на енергијата на вселената позната како Чи или животна енергија, верува дека секој објект носи енергија во себе.

Затоа, ако сте добиле подарок од љубоморна и лоша личност која одлично се преправа дека е љубезна, а потоа сте го ставиле во некој агол од вашиот дом, можно е, според старото верување, да сте донеле семејни проблеми,расправии, неволји, болести…

Како што се верува дека нашата гардероба ја поприма енергијата на човекот, исто е и за предметите и затоа треба многу да внимавате од какви луѓе земате работи.

Експертите за фенг шуи истакнуваат дека многу лесно можете да препознаете дека подарокот не бил добронамерен. Ќе го почувствувате тоа сами секогаш кога ќе се најдете во близина на тој предмет.

Следете ги вашите чувства… Доколку веќе сте доживеале некаква непријатност при давањето на подарокот, сте имале луда нервоза, потење или кога ќе го погледнете подарокот воопшто не ви дава радост, исфрлете го од дома, што е можно поскоро.

И додека некои прво го зафрлаат во остава, гаража, подрум, поткровје, советот е да го фрлите добиениот предмет, а најдобро би било да го запалите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma