Ако некој знае како е да се биде „кул градска мајка“, тоа е дефинитивно моделот Ирина Шајк.
Таа останува верна на својот стил без разлика дали тоа е важен настан или носење на нејзината ќерка на училиште. Температурата во Њујорк е слична на нашата во моментов, па додека преминуваме од облеката за топло време до поладно време, мешаме стилови и експериментираме.
Некако почетокот на есента, доколку температурата дозволува, е идеалното (и единствено) време за долги ракави во комбинација со кратки ногавици и долги чизми. Ирина го пронајде идеалното решение и успеа „преголемиот“ џемпер и кошула да ги претвори во ултра женски стајлинг.
Изгледа дека под оваа комбинација не носи шорцеви, бидејќи кошулата и џемперот се доволно долги за да имитираат мини фустан. Посебен додаток кој дефинитивно ја рангира меѓу модните ентузијасти се „таби чизмите“ – со поделени прсти.
Трендот без панталони на почетокот на есента изгледа е онаков каков што беше slip фустанот ова лето – „must have“, но, разбирливо, во лежерни верзии. Ако го занемариме долниот, непостоечки дел, кошулата и џемперот (иако „преголеми“ во случајот на Ирина) нè потсетуваат на познатиот „тренд на училишна девојка“ или на младата Бритни Спирс од спотот за песната „Hit me baby“ .
За да го направите трендот „schoolgirl“ да изгледа соодветно за модерната жена, погрижете се да се држите настрана од цели облеки кои наликуваат на униформи. На пример, не носете карирано мини здолниште, блејзер, чорапи до колена и оксфорд – тоа е всушност костим, а вие не сакате да оставите таков впечаток. Наместо тоа, спојте го секој од овие артикли со други есенцијални работи – преголем џемпер и хулахопки и мини чизми до колена со чорапи до колена за да ѕиркаат само на врвот; бела кошула и блејзер со плисирано здолниште.