Можете да потрошите многу електрична енергија за да се загреете, но вашите пари се за џабе ако преку празниот простор под прозорецот и вратата поминува студот. Но, постои ефтино решение што ќе помогне да ја задржите топлината во вашиот дом.
Оваа практична работа е многу популарна и многумина веќе ја имаат во нивниот дом.
Тоа е „цевка“ од стиропор која ја користиме како помагало за пливање и можете да ја купите по многу прифатливи цени во подобро снабдени продавници. Резултатот што се постигнува со употреба ќе ве воодушеви целосно. Тоа е всушност еден од најдобрите начини да се зачува топлината и да се грижите за сметките за електрична енергија.
Оваа „цевка“ е исечена на средина и доволно е само да ја ставите под вашите прозорци и врати. Студот повеќе нема да влезе во вашиот дом. Исечете колку ви треба и наместете ја под вратите и прозорите. Еластичниот стиропор ќе се прилагоди на сите форми, а вашиот дом ќе ја задржи топлината.