Состојки:
6 јајца
250 гр спанаќ
6 лажици брашно
2 лажички масло
сол, бибер
За полнење:
1 павлака
300 гр сирење
300 гр шунка
неколку кисели краставички
1 лажица масло
сол, бибер
Подготовка:
Изматете ги пенливите белки. Обарете го спанаќот, исцедете го и исечкајте го, па додадете ја жолчката, брашното, маслото, солта и бибер. Комбинирајте со белки. Намастете го плехот и испечете ја кората за ролатот. Штом се испече кората завиткајте ја во влажна кујнска крпа. Измешајте павлака, сирење, масло, сечканата шунка и кисели краставички, посолете и побиберете. Користете го ова за да го наполните ролатот, завртете го и исечете го на парчиња. Ролатот можете да го премачкате со павлака и мајонез, па да посипете со рендано сирење или ситно сечкан магдонос и кисели краставички.