Доколку имате многу фармерки и малку простор за складирање, овој трик ќе ви биде од голема помош
Без разлика на големината на гардероберот што го имаме во станот, секогаш недостасува простор за складирање.
Австралијката Наташа Свинглер сподели на „Инстаграм“ трик како да ги спакувате фармерките за да не се згужваат и да заземаат минимален простор во исто време.
Потребна е само најобична закачалка.
За почеток, преклопете ги ногавиците една врз друга и протнете ги гајките низ врвот на закачалката така што фармерките ќе висат.
Потоа, преку шипката од внатре, префрлете ги панталоните така што долниот дел ќе падне и закачете ја закачалката во долниот дел од гардероберот.
Предноста на чувањето на фармерките на овој начин е тоа што, штом ќе ја отворите вратата од шкафот, ќе ја видите етикетата, па нема да морате да „копате“ по работите за да ги пронајдете фармерките што сакате да ги носите.
Дополнително, долниот дел од плакарот ќе остане слободен за чување чевли или облека која не се гужва.
ТУКА може да погледнете како тоа го направи Наташа.