Едноставно решение за непријатниот проблем.
Секоја дама сака високи потпетици, бидејќи тие им даваат посебна нота на комбинациите на облека и ги прават поженствени и елегантни.
Меѓутоа, често се случува, особено кога се носат нови чевли, да добиете плускавци, па во нив да не можете долго да издржите. За да ги избегнете тие болни ситуации и да заблескате со полн сјај каде и да се појавите – искористете го следниов трик.
Што ви треба?
Еден пар дебели чорапи или неколку пара потенки
Фен за коса
Постапка:
Облечете ги чорапите, а потоа и чевлите. кКористете фен за да го загреете делот што ви создава плускавци. Во исто време, истегнете ги стапалата така што тесниот дел ќе се шири под притисок на топлиот воздух.
Не ги соблекувајте чевлите додека не се изладат. Потоа пробајте го чевелот без чорапи, ако сè уште има непријатности, повторете ја постапката. Кога ќе завршите со процесот, премачкајте ги кожените чевли со соодветна крема.