Улиците на Њујорк се место каде што може да се видат најразновидните модни комбинации, место каде се е дозволено на моден план. Меѓутоа, Емили Ратајковски е вистинска сензација во Њујорк. Познатата манекенка си поигра со боите, дезените и материјалите и докажа дека зимската мода во никој случај не е досадна и безлична.
Во преден план беа врвните парчиња, капут и чизми. Со палто од вештачко крзно во пригушена боја, 32-годишната Емили покажа дека оваа сезона ќе уживаме во таквите заводливи меки и удобни капути, но и дека чизмите не мора да бидат нужно црни или кафени.
Во нејзиниот случај, одличен избор е класичниот модел на чизми со квадратна потпетица надополнета од впечатлив, маскирен дезен.