Светската ѕвезда Џенифер Лопез е прогласена за жена со најдобра позадина, а открива дека тајната на нејзиниот изглед лежи во тренинзите.
Секако, на ова тело се работи долго и секојдневно. Една од нејзините секојдневни физички активности е танцувањето, кое го истакнува како голема љубов. Нејзините секојдневни тренинзи за танц се само еден од седумте начини на кои таа ја одржува фигурата, а ние имаме дополнителни совети од пејачката кои ќе ви помогнат.
– Станувањето наутро понекогаш може да биде тешко, но сепак наоѓам сила и ги правам вежбите, дури и ако тоа значи дека ќе вежбам еден час – открива Џеј Ло.
Таа не е позната само по својот спектакуларен изглед, туку и по извонредната дисциплина и посветеност кога е во прашање одржувањето на телото во форма. Нејзиниот личен тренер Дејвид Кирш откри дека дивата е исклучително посветена на вежбањето, а нејзините напори се очигледни – нејзиниот задник е еден од најатрактивните на светот.
За да ја одржи оваа фигура, Џенифер практикува низа вежби како мртво кревање, чучњеви, кревање тегови, исчекор со лента околу нозете и многу други. Таа внимава и на стомачните кои ги прави во серии од по 50 и 35 повторувања.
Сепак, вежбањето не е единственото нешто на кое Џенифер се посветува за да ја одржи фигурата. Таа, исто така сака да танцува за да се ослободи од стресот и да го подобри расположението.
– Кога се чувствувам лошо, почнувам да танцувам. Тоа ми помага да видам колку е способно моето тело и да почувствувам наплив на ендорфини кои ми помагаат да се чувствувам подобро – открила ѕвездата.
За крај, дивата нагласува дека и добриот одмор е многу важен за нејзиниот здрав начин на живот. Минимум осум часа сон се неопходни за телото да функционира нормално, што е нешто што Џенифер многу го почитува.