Таа се породи пред три месеци, но не гледа заедничка иднина со 83-годишниот Ал Пачино

popara7 септември, 20231min00
Ал Пачино и Нур Алфала

Нур Алфала, во процес на разделба од холивудскиот гигант Ал Пачино, побара старателство над нивниот 3-месечен син Роман.Легендарниот американски актер Ал Пачино,кој во април го прослави својот 83 роденден, дознал дека ќе стане татко по четврти пат во моментот кога се уверил дека неговата врска со 54 години помладата Нур Алфалах е завршена.Но,тој и даде уште една шанса на врската откако тестот за татковство покажа дека Ал Пачино е навистина татко на малиот Романо Алфала Пачино,роден пред три месеци.Дека на нивната врска сега дефинитивно и дојде крајот, покажува и судското барање на Нур Алфала во кое таа бара старателство над нејзиниот син, а сите важни одлуки за неговата иднина, како што се образованието и религијата, како што изјавила, ќе продолжат да се носат заедно со таткото на нејзиното дете.

Во барањето за старателство е наведено дека детето е зачнато по природен пат и е резултат на врската меѓу Нур Алфалах и Ал Пачино,приложено е и признание за татковство потпишано од познатиот актер пред сведоци,а се очекува дека судот ќе го определи и износот на месечниот износ неопходен за неговата издршка, доколку поранешните партнери сами не се договорат за тоа.Нур Алфала има редовни месечни примања како директорка во Sony и не е егзистенцијално загрозена, но таа смета дека таткото треба да придонесе,колку што може, во грижата за заедничкото дете.Како што неофицијално се дознава од кругови блиски до познатиот актер, Ал Пачино нема да има никакви замерки на барањата на Нур Алфала, бидејќи е свесен дека поради годините, иднината на малиот Роман ќе зависи пред се од грижата на неговата мајка.

Како што и е познато на холивудската легенда,Роман е четврто дете, додека Нур,за чија бременост јавноста дозна во мај,за прв пат стана мајка.Таа ја започна својата врска со Ал Пачино за време на пандемијата на коронавирус,а Нур ја објави првата заедничка фотографија во април.Ал Пачино има и три возрасни деца: 33-годишната ќерка Џули Мари со учителката по глума Јан Тарант и 22-годишните близнаци Оливија и Антон со актерката Беверли Д’Анџело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag