Планетарно популарната Бијонсе ќе мора да му се заблагодари на својот танчер, бидејќи да не беше тој, ќе доживееше огромна незгода за време на настапот.
Имено, пејачката настапувала во Германија, кога левата страна од нејзиното деколте била „на работ“ да испадне.
Еден од нејзините резервни танчери ја фатил пејачката и ја спасил од невидена несреќа.
Застанал пред неа додека ја средувала нејзината облека и ѝ помогнал да ја среди ситуацијата.
Видеото се појави на Тикток и стана вирално за многу краток временски период.
@byseyn Damn he did it so smooth 💯 #lestwins#beyonce#blueivy#renaissance#renaissancetour#breakmysoul#hamburg @Beyoncé
„По ѓаволите, тој го направи тоа толку лесно“ – напишал корисникот на споменатата мрежа.
Како што може да се види на видеото, Бијонсе изгледа немала поим дека можеби имала проблем со нејзиниот костим.
Како врвен професионалец, Бијонсе брзо се среди и продолжи со својот настап како ништо да не се случило.