Тајната на младоликоста на Хајди Клум: Манекенката претпочита да го чисти лицето со шампон за бебиња

popara10 ноември, 20231min00
Хајди Клум

Хајди ги негира обвинувањата дека користи ботокс и филери.

Хајди Клум е препознатливо лице во светот на манекенството,а важеше и за еден од најбараните супермодели.Иако влезе во шестата деценија од животот,оваа жена не престанува да воодушевува со своето младешко лице и затегнато тело.

Многу познати личности чувствуваат притисок да користат ботокс и филери,но Клум признава дека помислата ја плаши.

– Никогаш ништо не сум направила.Бев премногу исплашена,да бидам искрена.Се плашам од промена која е прекумерна и неконтролирана.Би ми било тешко да се погледнам во огледало и да видам нешто што не сум навикната да го гледам – рекла таа.

Невообичаена рутина
Бебешката кожа е понежна од возрасната и се суши многу побрзо,а изборот на вистинскиот шампон за бебиња може да помогне да се спречи иритација на кожата.Излегува дека шампонот за бебиња може да се користи и како средство за миење лице,а Клум  е верна  него.

– Наутро се туширам и го мијам лицето со шампон за бебиња.Јас користам шампон за бебиња како средство за миење лице бидејќи е најнежен за лице и отстранува се.На крајот од денот,дури и ако сум исцрпена,секогаш ја вадам шминката.Користам и бебешки шампон за отстранување на шминката од очите – открила таа.

Ако ѝ дадете пауза од шминката на вашата кожа,може да и помогне да остане хидрирана подолго,спречувајќи појава на акни и предвремени брчки.

Клум е позната по својата блескава кожа,а кога има прилика сака да се одмори од шминкањето.

– Кога не работам,се трудам да изгледам природно.Повеќето денови не носам шминка,но ако сум во јавност,користам малку светла подлога за да го изедначам тонот на кожата и малку руменило на образите за сјај, вели таа.

Влијанието на исхраната
Јадењето доцна навечер може да влијае на вашиот крвен притисок,да доведе до зголемување на телесната тежина и да предизвика рефлукс на киселина,што го нарушува сонот.

Хајди не верува дека легнувањето со полн стомак е здрава работа.

– Мојот последен оброк е во 18 часот.Јадам со моите деца,па мислам дека и тоа малку помага.Мислам дека кога јадеш малку порано и телото има време да ја свари храната,тоа значи многу – заклучува Клум,а пренесува “Brightside” .

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag