Тајната на Синди Крафорд за совршен изглед: Урамнотежена исхрана без ригорозни диети

popara4 септември, 20231min00
Синди Крафорд

Една од најубавите жени на светот,поранешната манекенка Синди Крафорд (57) се уште изгледа совршено во секоја смисла на зборот.

Таа стана синоним за витка и здрава линија, а нејзиниот пристап кон исхраната е клучот за успехот на многу полиња. Синди не е поддржувач на екстремни диети, но се одлучи за здрав начин на живот кој и помогна да изгледа одлично дури и во нејзините речиси 60 години.

Нејзината исхрана е внимателно осмислена за телото да ги добива сите потребни хранливи материи во секој дел од денот.

Шест помали оброци
Синди се потпира на урамнотежено мени кое се состои од шест помали оброци.

Оваа стратегија му овозможува на телото континуирано да прима хранливи материи и енергија без големи флуктуации на нивото на шеќер во крвта. Нејзиниот пристап се заснова на консумирање 30 отсто протеини,40 отсто јаглени хидрати и 30 отсто здрави масти во секој оброк.

Денот и започнува со појадок
Денот го започнува со појадок,кој вклучува пржени јајца, парче тврдо сирење и ‘ржан леб.

За ужина обично јаде овошје – зелено јаболко, грозје или овошна салата.

За ручек избера извор на протеини како риба или пилешко,заедно со замрзнат зеленчук и мало парче ‘ржан леб.

После тоа следува нова закуска која може да биде портокал или мало парче сирење.Вечерата е збогатена со варено говедско месо, салата од зеленчук со маслиново масло и мала количина сварен грав.Пред спиење,консумира јогурт со малку маснотии или кефир.Синди е реална и свесна дека повремено сака да ужива во омилените „почести“ како хамбургери.

Кога ќе се случи да отстапи од исхраната,таа не се казнува,туку почнува интензивно да вежба и да следи посебна диета во следните две недели.Овој пристап помага брзо да се елиминира вишокот тежина и да се врати рамнотежата.

“Диетална супа”
Посебно се истакнува нејзината „супа-диета“ каде главен избор е нискокалорична супа од бела зелка.

Оваа супа ја консумира дури пет пати на ден и се подготвува со додатоци од моркови, домати, пиперки, целер, боранија, зелен кромид и магдонос.

Магдоносот позитивно влијае на варењето и делува како диуретик. Важно е да се напомене дека супата не содржи компири и друг зеленчук богат со јаглехидрати. Покрај супа,Синди препорачува внесување на свежо овошје и зеленчук, млеко и јогурт во ограничени количини, како и кафеав ориз.

Покрај исхраната, Синди Крафорд е пример за многумина поради нејзината посветеност на редовно вежбање. Нејзината приказна е инспирација дека преку здрава исхрана и активен живот, можете да постигнете извонредна виталност и изглед, без разлика на возраста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma