Најчестите места каде што нанесуваме парфем се вратот, внатрешноста на зглобовите. Тоа се местата каде пулсот дополнително го загрева мирисот и го засилува неговиот ефект.
Научниците открија дека постои една точка на телото која подолго го задржува посакуваниот мирис. И колку подолго зрачи и го исполнува просторот околу вас, толку посвежо и поудобно ќе се чувствувате во вашата кожа.
Според експертите, тајната локација на која треба да се нанесе парфемот, за максимално да се искористи неговата издржливост, е папокот. Доволна е само една капка бидејќи совршено ќе се рашири од таа точка на телото и ќе го рашири мирисот. Ова ќе ја задржи неговата издржливост.
Овој трик ќе ви ја разбуди сензуалноста и ќе ви даде мотив да го поминете денот со самоуверен чекор.